За туторот
Здраво дечки! 👋 Јас сум наставник по математика, информатика и програмирање. Обожавам да работам како наставник и да ви помогнам да ја откриете убавината и практичната примена на овие предмети. Верувам дека учењето не мора да биде здодевно! Затоа на часовите користам интересни примери од секојдневието, практични задачи, компјутерски алатки и едукативни игри. Мојата цел е секој ученик да учи со свое темпо, да поставува прашања без двоумење и, најважно, да ја стекне самодовербата дека може да го совлада и она што на почетокот изгледа тешко. Тука сум да учиме, истражуваме и заедно да ги пронаоѓаме најдобрите решенија! ☺️
Стил на предавање
Верувам дека секој ученик учи на различен начин и со различно темпо. Затоа моите часови ги прилагодувам на потребите, возраста и предзнаењето на секој ученик. Настојувам учењето да биде интерактивно, разбирливо и интересно, со многу практични примери, визуелни помагала, компјутерски алатки и едукативни игри. Кај математиката се фокусирам на разбирање на логиката зад задачите, а не само на меморирање формули. Кај информатиката и програмирањето, акцентот е на практична работа, креативност и учење преку примери. Создавам опуштена атмосфера во која секое прашање е добредојдено, грешките се дел од учењето, а секој мал напредок е важен.
Образование
Високо образование од областа на електротехниката, стекнато на ФЕИТ, со дополнителна педагошко-методичка доквалификација за стекнување наставнички компетенции.
Предмети
Слободни термини
Избери предмет, а потоа слободен термин во календарот.
Барања за часови може да се испраќаат од 08:00 до 00:00 (македонско време).
Резервирај најмалку 12 часа пред почетокот на часот.
156 слободни термини · Следни 30 дена
Достапност
16 – 22 ноември 2026